Собор на Св. Архангел Михаил

На 21.11.2017 година, Собор на Св. Архангел Михаил, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станкоски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови.
Митрополитот г. Јосиф, со пригодна проповед се обрати до присутните верници. Проповедта можете да ја превземете одве...